На почетокот на јуни најави пензија, на крајот на месецот се премисли

Голманот на Кретеј, Микаел Робин најави дека по завршувањето на сезоната ќе заврши и неговата ракометна кариера.

Сепак, добрата понуда од раководството на Нант беше причина да ја промени одлуката и да го одложи пензионирањето. Робин и официјално потпиша едногодишен договор со Нант и се очекува да биде големо засилување во екипата.

За француските медиуми истакна дека со нетрпение ја очекува новата сезона.

„Ова навистина беше голема промена во моите планови. Искрено, кога ми се јавија од Нант, јас покажав интерес, но не бев веднаш инспириран. Размислив малку и си реков дека ова е можност што не можам да ја одбијам. Тимот е релативно млад, па се надевам дека ќе донесам некое искуство на екипата. Јас исто така планирам да го дадам максимумот. Пред неколку недели требаше да завршам со ракометот, но сега едвај го чекам почетокот на новата сезона”, изјави Робин.

Во својата кариера, Робин настапуваше за повеќе домашни клубови во Франција. Во француската репрезентација играше две години, од 2007 до 2009.