На Мундијалот во Скопје ќе има 96 официјални лица, меѓу нив и тројца Македонци

Од денеска па до 10 август, Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на 31 селекција од светот во кадетска женска конкуренција.

Меѓу судиите, делегатите, супервизорите и претставниците од ИХФ, кои што ќе работат на Мундијалот во Скопје има тројца Македонци.

Станува збор за судиската двојка Виктор Начевски и Даниело Божиновски, како и Драган Начевски, кој ќе биде во улога на делегат на натпреварите.

Начевски и Божиновски денеска ќе го судат дуелот меѓу Данска и Австрија, додека Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на дуелите Шведска – Исланд, Данска – Австрија и Германија – Словачка.

Покрај репрезентациите, во македонската метропола ќе бидат присутни 96 оофицијални лица од Светската ракометна федерација од пет континенти.

За првпат на Мундијал во оваа конкуренција ќе има 32 селекции поделени во осум групи по четири.