„На Македонија и фалат играчи како Јоновски и Марковски – тие имаат срце како автобус“

Машката македонска репрезентација ги заврши настапите на Светското првенство во Египет со пораз од Белорусија со 30-26.

Некогашниот селектор на нашата репрезентација, Веселин Вујовиќ, за „Балкан Хендбол“ го анализираше настапот на Мундијалот и вели дека фалат играчи од типот на Ацо Јоновски и Велко Маркоски.

„Кузмановски се одвои како светла точка во тимот во цело сивило. Малиот Костески исто така е добар, има висина, има рака, Томовски кој е во Германија…Но неопходно е Македонија да најде играчи како Велко Маркоски и Ацо Јоновски, кои беа бедеми и ја држеа одбраната, можеби не толку со квалитет, но имаа срце како автобус. Мораат да најдат кружни напаѓачи од два метри кои играат во два правци. Пешевски и Столе кои се врвни напаѓачи, немаат сила да се вратат во одбрана со посериозни репрезентации“, вели Вујовиќ.