На крајот на август, Металург на турнир во Хрватска

Екипата на Металург денеска ги почнува подготовките за новата сезона, а веќе е направен планот за подготовките кои покрај во Скопје ќе бидат одработени и на Маврово. Воедно ќе се учествува и на два турнири.

Ракометарите на Металург кои имаат подновен состав во новата сезона после тренинзите во Маврово ќе се најдат на првите контроли, а тие ќе бидат на турнирот во Струга.

На крајот од следниот месец односно од 28 до 31 август ќе се гостува во Хрватска. Турнирот кој ќе се одржи во Цриквеница ќе биде можност и за меѓународни проверки на силите пред почетокот на новата сезона во Супер машката лига каде што целта е да се обезбеди висок пласман и да се влезе во битка за едно од првите две места.