НАЈ НАЈ НАЈ…МОМЕНТ: Последниот репрезентативен настап на „тројцата мускетари“

Македонија славеше против Чешка со 27-25 во реванш мечот од баражот за пласман на Мундијалот и обезбеди осмо учество на светскиот собир.

Овој натпревар беше последен за Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски и Кире Лазаров, кои решија да ја завршат својата репрезентативна кариера.

Сите тројца ракометари беа дел од најголемиот успех на македонската репрезентација, петтото место на Европското првенство во Србија (2012).

Кире Лазаров за репрезентацијата на Македонија, со која беше на 14 големи натпреварувања, одигра 236 натпревари и постигна 1728 голови. Фигура и легенда која тешко некој ќе ја надмине.

Филип Миркуловски за Македонија одигра 126 меча и постигна 317 погодоци, од кои два на последниот натпревар против Чешка.

Стојанче Стоилов во „црвено жолтиот” дрес настапи на сите големи натпреварувања од СП 2009 до ЕП 2022.