Најдобрите светски судии ќе ја делат правдата во Автокоманда

Овој викенд на домашна сцена ќе се одигра 7. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Најинтересно се очекува да биде во Автокоманда каде Алкалоид ќе го предизвика актуелниот шампион на Македонија, Вардар.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше официјалните лица за натпреварите од споменатото коло.

Правдата на дуелот меѓу Алкалоид и Вардар ќе ја делат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, додека делегат ќе биде Ацо Николовски.

Натпреварот меѓу избраниците на Кире Лазаров и ,,црвено-црните” ќе се одигра во сабота, односно на 1 април, со почеток од 20:00 часот.