Начевски и Николов со нова задача на СП, ќе судат Египет – Белорусија

Најдобрата македонска судиска двојка ќе биде активна на денешниот ден од Светското првенство во Египет.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу домаќинот Египет и незгодната селекција на Белорусија.

Тој натпревар се игра во „Каиро Стадион“ од 18:00 часот, а делегат ќе биде Швајцарецот Рат.

Драган Начевски ќе биде дел од официјалните лица на три натпревари денеска: Швајцарија – Португалија, Исланд – Франција и Норвешка – Алжир.