Начевски и Николов ќе им делат правда на Словенија и Исланд

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за денешните три натпревари од главната рунда во групата 2 на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Најдобрите македонски судии ќе делат правда на дербито во „Малме Арена“ меѓу Словенија и Исланд, кој започнува од 16:00 часот.

Претходно го судеа натпреварот меѓу Исланд и Русија, како и оној меѓу Полска и Шведска.