Нант се пошегува со Лазаров и го пофали: Чичко Киро сè уште е класа (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров најави дека ова ќе биде неговата последна сезона како играч во кариерата, а на стартот на подготовките на Нант се појави со насмевка.

Лазаров дојде на прозивката со колегите, а од клубот најдоа начин за да се пошегуваат со него со оглед на тоа што е највозрасниот во екипата во новата сезона.

На Твитер профилот на Нант стои: „Чичко Киро сè уште е класа“. Добро е познато дека тој секогаш и го дава максимумот на теренот така што јасно е дека и ова ќе биде одлична сезона за најдобриот ракометар на Македонија.

Во продолжени може да се види пристигнувањето на сите ракометари на стартот на подготовките на Нант.