Нант ги промовираше новите голмани – потпишаа Пешиќ и Халгримсон

Францускиот Нант следното лето ќе има нова голманска двојка на местата на Емил Нилсен и Микаел Робен.

Нилсен се сели во Барселона, додека Робен ќе ја заврши кариерата, па тимот на Кире Лазаров, мораше да бара нови решенија.

Како што најави 24Ракомет минатата недела, нов член на Нант ќе биде хрватскиот чувар на мрежата Иван Пешиќ, кој доаѓа од Мешков Брест, каде ја игра деветтата сезона.

Покрај Пешиќ, Нант го ангажираше и младиот исландски голман Виктор Гисли Халгримсон од данскиот ГОГ Гудме.

Двајцата потпишаа договори на три сезони и се очекува во Нант да останат најмалку до летото 2025 година.