„Наместо за ракомет, парите се трошат за плати на измамници“

Женската селекција на Романија неславно ги заврши квалификациските натпревари за настап на Летните Олимписки игри во Токио. Романките нема да учествуваат во Токио, а дел од ракометните стручњаци во Романија побараа оставка од претседателот на Ракометната федерација на Романија, Александар Деду.

Машката селекција на Романија имаше пораз од Косово во квалификациите за настап на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Дамите не ги остварија зацртаните цели и останаа без место на Олимписките игри во Токио. Поради тоа, легендарниот Василе Стинга побара оставка од Деду.

„Нас ни е потребна оставка од Александар Деду, време е некој да понуди своја стратегија за развој на романскиот ракомет. Ако е чесен, тогаш тој и сите од раководството во федерацијата треба да си поднесат оставка“, изјави Стинга.

Освен оставка од главниците лица во Ракометната федерација на Романија, Стинга побара и сериозно работење во ракометната куќа, но и завршување на нетранспаретното работење на самата федерација.

„Нека ги напуштат своите функции сите инвлолвирани лица во колапсот на романскиот ракомет последните години. Од собраните даноци, десетици илјади евра не се трошат за развој на ракомет, туку за плати на измамници. Токму сега треба да се стави крај на тоа“, заврши Стинга.