Мулти Есенс ќе го организира кадетскиот Ф4, еве го распоредот на натпреварите

Тимот на Мулти Есенс ќе биде домаќин на завршниот турнир во машката кадетска лига претстојниот викенд.

Во салата во Автокоманда, во сабота и недела ќе се одиграат четири натпревари по кои ќе биде познат новиот шампион.

Турнирот ќе го отворат Мулти Есенс и Голден Арт од 13:00 часот во сабота, додека од 15:30 часот ќе играат Струга и Еурофарм Пелистер.

Следниот ден ќе бидат битките за медали. Мечот за трето место е од 11:00 часот, додека финалето е планирано за 13:30 часот.