Мркиќ се врати на терен, петка во ремито со Салерно

Македонската интерационалка Савица Мркиќ се врати на ракометните терени по долгата пауза што ја имаше поради повреда на лигаментите.

Таа го одигра првиот натпревар за италијанскиот тим Понтиниа во ремито со фаворизираниот Салерно, 30-30.

Македонскиот лев бек постигна пет погодоци и тоа е одлична најава за новата сезона. Мркиќ лани беше прогласена за најдобра странска ракометарка во Италија, а тогаш настапуваше за Гереире Мало.

Таа е поранешна членка на Еуростандард Ѓорче Петров и Жито Прилеп, а беше интернационалка во Романија, Србија, Шпанија, Германија и Исланд.