Мојсовски со совет за младите: Вие сте главни, вие сте ѕвезди – нема од кого да чекате!

Во центарот на вниманието на македонската јавност беше ревијалниот натпревар меѓу актуелните и поранешните репрезентативци.

Легендарниот Наумче Мојсовски вели дека неговата генерација не случајно беше на големите натпреварувања и имаше добри пласмани.

„Од нашата генерација има уште активни ракометари. Убаво беше, се потсетивме на добрите времиња. Тргнавме со Исланд, кога направивме подвиг и се пласиравме на Сп 2009. Сите покажаа дека можат од нашата генерација, дефинитивно не бевме на тие височини каде што бевме“, вели Мојсовски.

Тој ги советува младите ракометари дека тие се главни на теренот и дека треба да преземаат одговорност.

„Сега е прво големо натпреварување без постарите играчи. Им кажувам на Кузмановски и Талески и на сите останати – дефинитивно нема од кого да чекаат. Тие се ѕвездите, тие треба да преземаат, тие се главните. Тоа што ќе го направат, тоа ќе биде направено. Не треба никој да се потценува, но ниту да се преценува. Со Лазаров играат побрзо, сменет е ритамот на игра. Ние бевме пониска генерација, не бевме навикнати на тој ракомет, но тоа ни носеше резултат. Се надевам дека трчањето сега ќе ни вроди со плод со новите ривали. Нова генерација се, треба да им се даде шанса да стекнат искуство. Не треба веднаш да имаме големи амбиции, да се игра без притисок и тие може да покажат тоа што треба“, изјави Мојсовски.

Македонија ќе игра на СП во група со Норвешка, Аргентина и Холандија.