Монпелје засилен ќе гостува каj Вардар, Порт се врати на терените

Десното крило на Монпелје, Влентин Порт имаше проблеми со повреда и неговиот настап беше неизвесен за претстојните натпревари на тимот во Лигата на шампионите. Сепак Французинот се опорави навреме и ќе биде дел од тимот кој ќе гостува на Вардар во среда.

Порт имаше скршеница на прстот која ја заработи на натпревар со резервниот тим во текот на рехабилитација на претхнодната повреда. Тој е надвор од терените уште од Олимписките игри, но во недела во првенството на Франција го имаше својот кам-бек на терените.

Монпелје имаше слабо издание на гостувањето кај Сесон Рен и забележа пораз од 25:21 во 5. коло од домашното првенство. На враќањето на терен Порт не усепа да постигне гол, а најефикасни во следниот противник на Вардар беше Карл Валиниус со шест гола, а Жулиен Бос беше стрелец на четири гола.

Следниот натпревар на екипата на Монпелје е гостувањето кај Вардар во рамки на 4 коло од Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан за среда, 13 октомври со почеток во 20:45 часот.