Моника Стефаноска заминува од МГА Фиверс

Поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Моника Стефаноска, ќе има нов предизвик во кариерата.

Стефаноска, ова лето заминува од тимот на МГА Фиверс Маргаретен, чии бои ги бранеше долго време.

Македонката и како ракометарка беше дел од овој тим, а кога ја заврши играчката кариера, продолжи во стручниот штаб како асистент тренер.

Истата функција ја има и во женската кадетска репрезентација, каде е дел од стручниот штаб на Симона Спиридон, која е селектор на Австрија.

Стефаноска своевремено беше дел и од големиот Хипо.