Можниот ривал на Македонија загуби во драматична завршница од Србија

Репрезентацијата на Чешка, која во априлскиот бараж за Светското првенство 2023 ќе го пречека подобриот од првиот бараж меѓу Македонија и Романија, на свој терен одигра пријателски натпревар против Србија и доживеа минимален пораз од 24:23.

На клупата на Чешка како селектор дебитираше искусниот тренер од Шпанија, Хавиер Сабате.

Двете репрезентации имаа шанса за победа во неизвесниот натпревар, но избраниците на Тони Херона со погодокот на Богдан Радивојевиќ, кој беше постигнат во последните секунди, стигнаа до победа.

Најефикасен во составот на Србија беше Милош Орбовиќ со четири погодоци, а по три постигнаа Урош Борзаш, Немања Зеленовиќ, Богдан Радивојевиќ и Петар Ѓорѓиќ. Листата на стрелци кај Чешка беше предводена од Јакуб Хрстка со седум постигнати погодоци.

Двете репрезентации утре ќе го одиграат вториот пријателски натпревар.