Младост Богданци со победа ја заврши сезоната во прволигашката конкуренција

Екипата на Младост Богданци со победа над Металург РА од 33:30 (14:14) во последното коло од прволигашкиот плеј-оф ја освои 4. позиција на табелата.

Домашниот тим, кој во дуелот со екипата од Автокоманда, настапи без неколку стандардни првотимци и со младински играчи, кои минатито викенд го освоија третото место во младинската конкуренција, со подобрата игра во вториот дел дојдоа до посакуваната цел.

Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Димитар Пеев и Душан Каркалашев, додека шест реализации имаше Стојан Наумовски.

Кај поразениот табор отскокна Дамјан Наумовски, кој воедно беше и најефикасен на средбата со 12 погодоци.

Металург РА сезоната во прволигашката конкуренција ја завршува на 6. позиција.