Митревски и Тодоровски ќе судат на престижниот „Жолт Куп“ во Швајцарија

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе бидат дел од престижниот пријателски турнир „Жолт Куп“ во Швајцарија.

Ова е 49. издание на турнирот кој секогаш се игра пред стартот на големите натпреварувања во Винтертур.

На овој турнир покрај домаќинот Швајцарија, ќе играат уште три селекции – Зеленортските Острови, Јапонија и Австрија.

Битолчаните ќе судат на три меча на овој турнир во Винтертур.

На првиот ден на 6 јануари, ќе бидат арбитри на дуелот меѓу Зеленортските Острови и Австрија, а потоа на 7 и 8 јануари ќе ги судат натпреварите Швајцарија – Зеленортски Острови и Швајцарија – Австрија.