Митревски и Тодоровски ќе делат правда во бараж натпреварите за СП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните бараж натпревари за СП 2023.

Македонската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, ќе биде активна само на еден натпревар од бараж дуелите.

Митревски и Тодоровски ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу репрезентациите на Австрија и Естонија.

Двете репрезентации првиот бараж натпревар ќе го одиграат во Брегенц на 17 март, со почеток од 19:00 часот. Делегат на натпреварот ќе биде Беат Нагел од Швајцарија.

Реванш натпреварот е закажан за 20 март во Талин, Естонија.