Митревски е херојот на Порто – го одбрани последниот шут на Динамо!

Никола Митревси со Порто имаше тешко гостување кај амбициозниот тим на Динамо Букурешт и забележа тешка победа во третото коло од Лигата на шампионите со минимални 26:27.

На голот на Порто, Никола Митревски уште еднаш имаше клучна улога и придонесе за триумфот на неговиот тим. Тој натпреварот го заврши со девет интервенции меѓу кои беше и одбраната во последниот напад и имаше учинок од 30 проценти одбранети удари.

Порто добро го започна натпреварот, поведе со 0:2 а на тоа домашниот тим одговори со серија од 3:0. Водството на Динамо Букурешт траеше кратко, Фернандес и Магалаеш погодија за прво повисоко водство на Порто до 4:7.

Во продолжение до полувремето гостинскиот тим  го одржуваше водството, сепак Динамо постојано беше во игра на гол или два негатива. Во второто полувреме Порто не ја испушти предноста, Динамо неколкупати израмни, имаше напад во последната минута за нерешено но Никола Митревски не дозволи реми.

Најефикасни со по три гола во екипата на Динамо Букурешт беа Хумет, Гвардиола и Негру. Во составот на Порто најпрцизни беа Мигел Алвеш и Виктор Итураз со по пет погодоци.