„Ме пцуе, сака да ме испровоцира, но нема да се спуштам на нејзино ниво“

Репрезентативката на Романија, Крина Пинтеа, која моментално го носи дресот на ЧСМ Букурешт, заедно со нејзиниот тим одиграа нерешено против составот на Брест Бретањ, 30:30, во натпревар од 13. коло од Лигата на шампионите.

Искусниот кружен напаѓач по натпреварот ги сподели своите впечатоци, но и говореше за конфликтот, кој го имаше во текот на целиот дуел со репрезентативката на Црна Гора, Итана Грбиќ.

,,Работата е во тоа што таа е многу тврдоглава. Секогаш кога играме една против друга, таа ме пцуе и прави секакви работи. Јас не можам да се спуштам на нејзиното ниво. Од олимписките квалификации, таа секогаш се обидува да ме испровоцира. Не разбирам зошто ја има таа потреба… Чувствувам целосен недостаток на почит од нејзина страна. Порано игравме во ист клуб и се беше одлично. Не знам што е, ме провоцира, но ништо нема да се случи од моја страна. Се обидувам да се контролирам“, изјави Пинтеа за романскиот портал „Про Спорт“.

Итана Грбиќ во сезона 2019/20 беше дел од ЧСМ Букурешт и заедно играше со Крина Пинтеа.