Мешков Брест два дена ќе патува до Битола – доаѓаат со 15 ракометари и без голманот Пешиќ!

Тимот на Мешков Брест утревечер пред полноќ би требало да пристигне во Битола, каде в сабота ќе го игра првиот чевртфинален натпревар од СЕХА лигата против Еурофарм Пелистер.

Тренерот Дани Гардо на пат кон Битола поведе 15 ракометари, а нема да допатуваат голманот Иван Пешиќ, кој има проблем со грбот, како и Павел Пачковски и Егор Будеико кои се повредија на пријателскиот турнир минатиот викенд, додека Артем Селвасјук се уште не се вратил на терените по ланската повреда.

Мешков денеска од Брест се упати до главниот град Минск, каде што ќе има ноќевање, а утре наутро од белоруската престолнина со два авиони преку Истанбул околу 20:00 часот ќе пристигне во Скопје, од каде со автобус ќе замине до Битола.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра в сабота во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.