Металург ја продолжува трката за титула, Божиноска и Трајковиќ го наполнија голот на Стружанка

Екипата на Металург со победата над Стружанка со убедливи 26:13, за момент го презеде лидерското место на табелата во плеј-оф групата од Женската лига. Ракометарките на Јулијана Дамчевска до победата дојдоа со одличната игра во второто полувреме, во кое дозволија само пет погодоци во нивната мрежа.

Првото полувреме од натпреварот мина во израмнета борба и игра гол за гол. Двете екипи имаа свои моменти во првите 30 минути. Домаќинките беа подобри на стартот, отворија со 2:1, а потоа до 20. минута беа во негатива од еден гол. Стружанка во нападот ја имаше расположената Далипоска, која со своите погодоци ја одржуваше својата екипа во минимално водство.

Двете екипи играа во егал до самиот крај на првото полувреме, иако Металург за нијанса беше подобар во завршниот дел. По нерешениот резултат од 8:8, Металург постигна два гола во низа преку Младеновска и Трајковиќ за позитива од 10:8 на полувреме.

Отпорот на Стружанка беше скршен за две минути во второто полувреме. Металург направи одлична серија од 6:0, се одлепи на 16:8 и до крајот имаше целосна контрола на теренот. Стружанка првиот погодок во второто полувреме го постигна во 38. минута. На петнаесетина минути до крајот резултатот беше 20:11 во корист за домашната екипа.

Солидни меѓу стативите беа Амра Илијаз и Марина Митоска, но голманката на Стружанка немаше голема поддршка од нејзините колешки. Последните десет минути беа рутински одработени од страна на Металург, кој со денешната победа останува во игра за титулата. Најдобри стрелци во Металург беа Ива Божиноска со девет и Мила Трајковиќ со седум погодоци. Во Стружанка прв стрелец беше Мендувие Далипоска со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124