Металург со очекувана и лесна победа

Женскиот состав на Металург забележа нов триумф, кој беше сосема очекуван и дојде лесно против Ѓорче Петров. На гостувањето Металург забележа победа од 35:18 така што немаше поголем проблем за да се дојде до нови бодови.

Ракометарките на Ѓорче Петров не успеаја да се изборат за нешто повеќе иако имаа сосема добро прво полувреме.

После 30 минути резултатот беше 11:13 и ова најавуваше интересно продолжение. Сепак, поискусниот состав на Металург знаеше како да казни односно да донесе позитивен резултат и на тој начин да се избори за висок триумф.

Во вториот дел беа казнети сите грешки на домашните и беше обезбедена победа од дури 17 гола разлика. На тој начин тимот од Автокоманда останува во трка за првата позиција така што допрва ќе се развива голема битка за титулата.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – МЕТАЛУРГ            18:35 (11:13)

Сала: „Христо Ботанџиев“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Несторовска, И. Велкова , Србиновска 4, Неделковска 2, Блажевска, Крстевска, Хасаноска, Величковска, Гошевска, Цветановска 7, Трпеска 1, А. Велкова 3

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Паскал, Ѓорѓиевска 3, Тодоров, Гулицоска 1, Тасевска 11, Смајлоска 3, Младеновска 1, Алексоска 2, Темелковска 1, Ристовска 2, Петковска 8, Николиќ 3.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 8 мин.