Металург победнички низ Гевгелија

Ракометарките на Металруг после изненадувачкиот пораз во минатото коло на домашен терен од Стружанка им се вратија на победите. Девојките од Автокоманда триумфираа на гостувањто во Гевгелија со 30:19.

Избраничките на Јулијана Дамчевска уште од почетокот тргнаа максимално по бодовите. Металург го имаше почетното водство, но не успеваше во почетната фаза да се одлепи на поголема разлика. Најчесто гостите имаа предност од два гола.

Финишот на првото полувреме целосно им припадна на гостинските ракометарки, а Гевгелија замина на полувреме со највисоката негатива што ја имаше во првиот дел. По 30 минути игра резултатот беше 14:10 во корист на Металург.

Во второто полувреме Металург без многу проблеми одржуваше предност од четири до пет гола, а во завршните минути стигна до убедлив триумф. Натпреварот го завршија со серија од 5-0 за конечен двоцифрен триумф од 30:19.

Најефикасна во Гевгелија беше Михаела Митревска со осум гола, додека во тимот на Металург осум постигна Петковска Мирјана, а Гулицоска и Тасевска погодија по шест пати.

ГЕВГЕЛИЈА – МЕТАЛУРГ 19:30 (10:14)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.

ГЕВГЕЛИЈА: Басова, Мандалова, Шуклева, Митревска 8, Динева, Петрова, Живковска 3, Горковска, Шутева 3, Митрова, Петковска, Ибрахимович, Митрова 5.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Ѓоргиевска, Владева, Ивановска 1, Гулицоска 6, Тасевска 6, Смајловска, Арсениевска 1, Алексоска, Темелковска 1, Дамчевска 2, Петковска 8, Божиновска 5, Паскал, Николиќ.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.