Металург останува без легендата – Златко Хорват се сели во Унгарија!

Легендарното десно крило од Хрватска, Златко Хорват, по две и пол сезони, ќе си замине од тимот на Металург.

Иако летово Хорват го продолжи договорот со тимот од Автокоманда, сепак поради добро познатата ситуација во клубот, спогодбено доби раскин.

Според информациите на 24Ракомет тој ќе се пресели во унгарскиот тим Дабас, каде што настапува Марко Тарабокија, довчерашниот член на Металург.

И покрај проблемите со играчкиот кадар на Металург, Хорват секогаш беше тука за клубот и се бореше во најтешките моменти.

Новиот клуб на десното крило ќе биде трет во неговата кариера по настапите за Загреб и Металург.