Металург на нов турнир, ќе игра и во Атина

Екипата на Металург продолжува со подготовките за новата сезона, а покрај големиот број на контролни средби тимот од Автокоманда има уште еден турнир на кој ќе биде направена генерална проба за почетокот на сезоната.

Од 3 до 5 септември во Атина, Металург ќе игра на турнирот кој е во организација на АЕК, а се нарекува „Андреас Папастаматис“.

Домаќинот соопшти дека има постигнат договор со екипата од Автокоманда, но уште не се објавуваат имињата на другите учесници на турнирот.

Минатата година на овој турнир учествуваше составот на Еурофарм Пелистер и играше во финалето. Сега е на Металург да се обиде да дојде до добар резултат.