Металург има ново засилување, ангажираше лев бек од шампионот на Турција (ФОТО)

Ракометар на Спор Тото, кој е шампион на Турција, Халил Озтурк ќе биде ново име во редовите на Металург и ќе се придружи на подготовките за новата сезона во која ќе се бара подобар пласман во однос на минатата сезона.

Озтурк е лев бек кој во последната сезона играше за Спор Тото (порано Мили Пијанго), а претходно беше дел и од тимот на Гезтепе. Има 25 години и досега нема меѓународно искуство.

Минатата година беше дел од Европскиот куп (поранешен Челенџ куп), а на двете средби против ЧСМ Букурешт постигна пет гола.

Тој би требало да биде играч кој ќе го надополни испразнетото место на бековската позиција и ќе помогне во играта во нападот и во одбраната.