Металург му даде 46 гола на Шампион

Ракометарките на Металург остварија висока победа над тимот на Шампион, откако славеа на гостински терен со 22-46.

Иако составот од Автокоманда беше редуциран, сепак го реши победникот уште по првото полувреме кога водеше со 8-24.

Скоро сите ракометарки на Металург се запишаа во листата на стрелци, а најдобри со по седум гола беа Ивана Арсениевска и Мирјана Петковска.

Во составот на Шампион предводен од Вале Радуловиќ се истакнаа Нина Неделковска со седум гола и Тамара Богоевска со четири погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20191058
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА20171252
3ЧАИР20161349
4ВАРДАР20151446
5КУМАНОВО20150545
6СТРУЖАНКА20101931
7ПЕЛИСТЕР 201220101931
8СКОПЈЕ20821026
9ДЕСПИНА20611319
10СПАРТАК20611319
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.20431315
12АСТИБО20401612
13ШАМПИОН2021177