Металург го брани трофејот, во Автокоманда ќе има Куп возбудувања

Тимот на Металург го брани трофејот во Купот на Македонија, што го освои во 2019 година во Куманово по триумфот над Вардар.

Овојпат овие две екипи ќе се сретнат во полуфиналето, додека во вториот полуфинален двобој ќе се соочат Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.

Вардар е фаворит во дуелот со тимот од Автокоманда, но домаќинот секогаш знаел да им направи проблеми на„црвено-црниот“ тим, независно во каков состав биле двете екипи. Натпреварот започнува од 16:30 часот.

Дупјачанец: Вардар е фаворит, но во вакви натпревари се е можно

Алушовски: Во Купот нема фаворити, секој ја гледа својата шанса

Во вториот полуфинален двобој ќе играат Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Битолчани последниот трофеј во ова натпреварување го имаат освоено уште во 2005 година, додека бутелци вторпат ќе играат на Ф4.

Фаворит е битолскиот тим, кој иако славеше два пати во Суперлигата над Бутел оваа сезона, сепак ниту еднаш не беше убедлив. Во Битола победи со пет, а во Скопје со три разлика. Нивниот натпревар денеска во Автокоманда се игра од 19:00 часот.

Од Бутел посакуваат – нека биде трета среќа и сензација против Еурофарм Пелистер

Чаневски и Мандалиниќ едногласни: Ќе го дадеме максимумот за титулата да дојде во нашите витрини