Алушовски: Во Купот нема фаворити, секој ја гледа својата шанса

Утре започнува завршниот турнир во Купот на Македонија и не очекуваат два интересни полуфинални двобои. Вардар ќе се соочи со Металург, а Еурофарм Пелистер го чека дуел со Бутел Скопје.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски вели дека во Купот нема фаворити и сите се надеваат дека може да победа.

„Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра. Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници“, вели Алушовски.

Дуелот меѓу Вардар и Металург се игра утре од 16:30 часот, додека оној меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје е на програмата од 19:00 часот.