МВП на 6. Коло од Супер машката лига – Данило Михајлевиќ (Пролет)

Голманот на Пролет, Данило Михајлевиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6 коло од Супер машката лига.

Михајлевиќ освои околу 45% од гласовите, а второпласираниот Ивица Илиев собра околу 20% од гласовите.

Црногорскиот голман беше меѓу најзаслужните за новата победа на составот на Пролет и имаше 15 интервенции против тимот на Скопје.

Во трка за МВП беа уште и Јан Чувара, Филип Николов, Тоше Ончев, Марко Стојковиќ и Ненад Костески.