МВП на 1. Коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига – Давор Палевски (Пролет)

Левото крило на Пролет, Давор Палевски, го добива признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од плеј-оф/аут од Супер машката лига.

Палевски освои околу 38% од гласовите, а имаше вистинска трка со Димитар Ѓоргиевски, кој собра 36%.

Левото крило одигра одличен натпревар против Радовиш и во убедливиот триумф со 32-22 постигна седум гола.

Во трка за МВП беа уште и Градимир Чаневски, Денис Тот, Жереми Тот, Реине Табоада и Јосип Божиќ Павлетиќ.