Марсениќ: Не треба да си поставуваме притисок и високи цели

Репрезентацијата на Србија ја чека последната проверка пред настапот на Европското првенство во Австрија, а тоа ќе бидат двата меча на турнирот во Франција против домаќинот и Норвешка. Поранешниот член на Вардар, а сегашен на Фуксе Берлин – Мијајло Марсениќ говореше за очекувањата од ЕП.

„Најпосле се собравме сите.  Распоредот во Бундес лигата е згуснат и долг. Сите сме заедно, желни и одморени, тоа е најважно. Турнирот во Франција ќе ни биде вистинска проверка за тоа што следи на ЕП. Ќе играме со две сериозни репрезентации кои веќе неколку години наназад се меѓу најдобрите четири на големите натпреварувања. Потоа имаме уште три дена да го поправиме тоа што мораме. Мислам дека сите играчи и целиот стручен штаб знае дека имаме квалитет за наредната фаза, но не треба веднаш да се поставуваме високи цели и да создаваме притисок. Мора да бидеме мирни, концентрирани и да одиме од натпревар во натпревар. Треба да почнеме од Белорусија, а мислам дека тој натпревар ќе покаже колку и што можеме. Само да не послужи здравјето, тоа ми е најголема желба, па потоа ќе видиме до каде сме“, вели Марсениќ.

Покрај Србија и Белорусија, во групата А што ќе се игра во Грац, ќе бидат и селекциите на Црна Гора и Хрватска.