Маркоски: Од вакви натпревари се учи, се надеваме на второ место во шампионатот!

Дебитантот на завршницата од Купот на Македонија, тимот на Алкалоид, не успеа да направи изненадување против Вардар, бидејќи беше многу далеку од таква опција.

Избраниците на Кире Лазаров во полуфиналето против актуелниот бранител на Куп трофејот беа убедливо поразени со 31:22.

Кружниот напаѓач на Алкалоид, Никола Маркоски, истакна дека промашените удари и лошиот старт си го направиле своето.

,,Лошо го отворивме дуелот, многу зицери промашивме, голманот Томовски беше на својата задача и не бевме изненадени од Вардар туку сами си се изненадивме со себе, со многу промашувања. Сега останува да се подготвуваме за последните два дуели од суперлигашкиот плеј-оф, од вакви натпревари се учи, па се надеваме на второ место”, изјави Маркоски.

Финалето меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра в сабота, со почеток од 18:00 часот.

Вардар ќе го брани Куп трофејот, Алкалоид беше немоќен пред „црвено-црниот“ налет!