Маркоски: Домашниот терен е мала предност за Голден Арт, но одиме на нова победа!

Екипата на Струга денес во натпревар од 11. коло од плеј-аут фазата ќе се соочи со лидерот Голден Арт.

Избраниците на Наум Танески со шест победи по ред си обезбедија опстанок во македонската елита за следната сезона и до крајот од првенството ќе играат за подобар пласман.

Кружниот напаѓач Петар Маркоски, кој игра се подобро на последните натпревари, посочи дека Голден Арт ќе биде во мала предност, бидејќи ќе игра на домашен терен, но неговиот тим е доволно подготвен за продолжување на победничката серија.

,,Во 11. коло го играме еден од потешките натпревари на гостински терен. Се подготвувавме речиси цела недела за денешниот ривал и ја анализиравме неговата игра, која се базира на добра одбрана. Секако, анализиравме од каде се најопасни. Противникот игра на домашен терен и до некаде тоа е мал плус за нив, но ние нема да се предадеме, фативме добар ритам, имаме шест последователни победи и во Скопје одиме со ладни глави и по седми триумф”, изјави Маркоски.

Дуелот мегу Голден Арт и Струга ќе се одигра во СЦ ,,Јане Сандански” (мала сала), со почеток од 17:00 часот. Влезот за сите љубители е слободен.