Мараш: Се чувствувам како дома, луѓето во Македонија се топли и срдечни (ВИДЕО)

Младиот ракометар од Хрватска, кој летово пристигна во Битола, Матео Мараш во својот прв коментар за 24 Ракомет вели дека се чувствува дека е како дома со оглед на тоа што луѓето во градот му наликуваат многу на оние од Далмација.

Тој е меѓу помладите во тимот, но сигурно ќе има што да покаже

„На прв поглед ми изгледаше дека има голема разлика. Сепак, како одминува времето сфаќам дека и нема некоја разлика. Луѓето во Македонија се топли и срдечни. Едноставно се чувствувам како дома“, вели Мараш за 24Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.