Мандалиниќ: Дојдов да давам голови во Еурофарм Пелистер, сите го чекаат тоа од мене (ВИДЕО)

Најголемата ѕвезда во летниот преоден рок која пристигна во редовите на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ е свесен што се очекува од него во редовите на Пелистер.

Тој добро знае дека ќе биде задолжен за голови и дека ќе мора на секој натпревар да го вади максимумот на теренот.

„Знам зошто дојдов во Еурофарм Пелистер. Од мене сигурно се очекуваат голови и тоа е најважно. Сите имаме големи цели. Ниту еден спортист доколку нема големи цели не може ниту да се занимава со спортот. Имаме добра екипа со врвни поединци кои имаат потенцијал. За мене лично доколку бидеме сите сложни и желни за ракомет после оваа пауза и ако успееме да ги вкомпонираме сите работи како што треба тогаш можеме да направиме големи резултати“, изјави Мандалиниќ за 24Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.