Манасков: Не бевме подготвени за одбраната што ја одигра Австрија

За разлика од првите два меча кога постигнуваше по пет гола денеска, левото крило на Македонија, Дејан Манасков успеа да погоди само еднаш. Имаше шут 1 од 3, но и немаше доволно простор за да може да одигра нешто повеќе.

После средбата беше разочаран, а имаше и краток коментар за случувањата на теренот.

„Едноставно немавме решение и не бевме подготевени за одбраната која што ни ја одигра Австрија денеска. Дадовме многу топки в рака и оставивме отворени шанси и тоа не чинеше ваков пораз“, рече кратко Манасков.

Тој е еден од ракометарите кои ќе имаат уште што да дадат за оваа селекција така што и во следниот период ќе биде еден од посикусните во составот.