Максимов „удри“ по Мартин: Тој доби пари колку што јас и Трефилов никогаш не добивме како олимписки шампиони

Женската репрезентација на Русија загуби само на еден натпревар на Европското првенство, а тој пораз беше клучен во борбата за полуфиналето.

Избраничките на поранешниот селектор Амброш Мартин, беа поразени од домаќинот на Данска и ќе мора да се задоволат само со меч за петто место.

Се што не е златен медал и финале, во Русија не се признава, па Мартин доби отказ, а актуелниот тренер на Чеховски Медведи и екс руски селектор на машката селекција – Владимир Максимов, го коментираше работењето на Мартин.

„Откако бевме олимписки шампиони, трети на СП и втори на ЕП, ова е чекор назад за Русија. Кога се победува – победува екипата, а кога се губи – тренер губи и мора да сноси одговорност. Сигурен сум дека Мартин не можеше да го крене нивото на нашата игра. А му беа многу пари, пари за кои Трефилов и Максимов можеа само да сонуваат. Јас и Трефилов освоивме Олимпијади. Мартин работеше и си замина. Мислите дека жали за тоа? Не. Јас и Трефилов губевме и жалевме за тоа. Сега мора да размислиме што треба да направиме, а имаме малку време. Не треба да дозволиме вакво нешто уште еднаш“, изјави Максимов за рускиот „Брз Центар“.

Русија ќе се бори со Холандија за петтото место, кое не носи ништо плус освен престиж, а од клупата ќе биде предводена од досегашниот помошник на Мартин, Алексеј Алексеев.