Македонски судии ќе делат правда на дербито Србија – Франција

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварите од квалификациите за ЕП 2022 што ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Најинтересно би требало да биде двобојот меѓу Србија и Франција што ќе се одигра во Зрењанин на 5 јануари, а таму правдата ќе ја делат македонските арбитри Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегат на оваа средба ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

Селекторско деби на клупата на Србија ќе има Шпанецот Тони Херона, а покрај овој дуел, северниот сосед ќе игра на гости во Кретеј со Франција, и дома во Зрењанин со Грција.