Македонските репрезентативци му донесоа висока победа на прволигашкиот лидер

Лидерот во прволигашкиот плеј-оф, Алкалоид, на свој терен немаше никакви проблеми против Драчево, триумфираше со 42:26, во натпревар од 4. коло.

Домаќинот излезе со полн состав и практично ја декласираше гостинската екипа уште во првото полувреме, кое заврши со убедлива предност од 16:9.

Во второто полувреме продолжи одличната игра на избраниците на Љубомир Савевски, кои не му дозволија на својот противник ни најмал простор за докажување.

Победничката екипа беше предводена од тројцата македонски репрезентативци, Мартин Серафимов, Игор Ѓорѓиев и Марко Стојковиќ.

Серафимов ја наполни противничката мрежа со 12 погодоци, Ѓорѓиев реализираше осум пати, додека Стојковиќ петпати се запиша во листата на стрелци. Кај Драчево прв стрелец беше Димитар Матовски со осум гола.