Македонките од Браила во одлична форма – донесоа триумф над Галаци

Тимот на Дунареа Браила, предводен од македонскиот двоец Јована Саздовска и Марија Штериова, славеше нов триумф во романскиот шампионат.

Дунареа Браила на домашен терен го победи составот на Галаци со убедливи девет гола разлика, 34-25, а победата беше најавена по првиот дел, 17-10.

Саздовска беше најдобар стрелец во победничката екипа и постигна седум погодоци, додека Штериова даде четири.

Дунареа сега има три победи и едно реми во шест натпревари, а следниот викенд ќе игра дерби натпревар на гостински терен кај Глорија Бистрица.