Македонија Ѓорче Петров ги собра бодовите од кај Шампион

Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Шампион со 16-23 во натпрвар од 15 коло во прволигашкиот плеј-аут.

Домашните ракометари го диктираа темпото и имаа контрола на резултатот во првиот дел, но пред паузата по 11-10 за Шампион, гостите постигнаа три гола во серија за 11-13 и предност на полувреме.

Во вториот дел Македонија Ѓорче Петров комплетно го скршија отпорот на Шампион и рутински го привршија натпреварот.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Неделковски со пет, како и Јаневски и Ѓиноски со четири гола, додека Мирчески постигна пет погодоци за Шампион.

Македонија ЃП сега има 34 бода исто колку и Металург, и во последното коло двете екипи ќе се борат за првото место во плеј-аутот. Подобар меѓусебен биланс од регуларниот дел имаат ѓорчевци, па доколку слават дома со Партизан ќе бидат први.