Македонија против Грција, Литванија и Исланд ќе се бори за бараж за СП

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за пласман во баражот за Светското првенство во Шпанија што ќе се одржи во декември 2021 година.

Избраничките на Симе Симовски ќе играат против Грција, Литванија и Исланд во групата 2, а прво и второ пласираните ќе обезбедат место во баражот за СП.

Квалификации за бараж за СП:

Група 1: Израел, Луксембург, Украина, Словачка
Група 2: Литванија, Грција, Исланд, Македонија
Група 3: Финска, Португалија, Турција
Група 4: Косово, Италија, Австрија
Група 5: Фарски Острови, Швајцарија, Белорусија

Термините на одигрување на натпреварите се од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември. Грција го доби правото да го организира квалификацискиот турнир, а доколку тие се откажат, правото се префрла на Македонија.