Македонија од денеска во Словенија на генералка пред ЕП

Селекторот Данило Брестовац поведе 20 ракометари за Словенија на последниот тест пред Европското првенство кое почнува на 9 јануари.

Македонија ќе има две контроли на кои ќе се види формата во моментов и ќе може да се види со какви сили ќе се влезе на шампионатот. На терен ќе се најдат 20 ракометари, но сега тука се и искусните играчи кои не беа дел од натпреварите со Кувајт, Алжир и Романија. Сега ќе се крои вистинската тактика и игра за првенството.

Првиот дуел е закажан за утревечер против селекцијата на Словенија. Натпреварот почнува од 19 часот и на него ќе се види формата во која се наоѓаат репрезентативците така што може да се очекува добро издание. Словенија има нов селектор и сигурно ќе сака силен натпревар, а такво нешто и треба и на Македонија.

Покрај овој натпревар ќе биде одигран уште еден в недела против селекцијата на Црна Гора кога ќе биде добиен уште подобар поглед на формата со која располагаат играчите, па потоа ќе се знае и со колку и со кои играчи ќе се оди на Европското првенство.