Македонија најслабо досега, заврши дури на 23. место

Репрезентацијата на Македонија, која дојде на шампионатот во Египет како замена за селекцијата на Чешка заврши на 23. позиција, а овој пласман е најслаб досега на едно големо натпреварување. Иако ова е првпат да има 32 селекции на еден Мундијал, сепак, бројките се тие и останува запишан како најслаб пласман.

Големо разочарување е и репрезентацијата на Хрватска, која во последните две децении се навикна на големи резулати и постојан пласман во полуфиналето или најмалку четврт-финале.

Сега Хрваттите паднаа исто многу ниско и тие со денешниот пораз од Данска завршија дури на 15. место.

Конечниот пласман на репрезентациите од 9. до 24. позиција можете да ја погледнете во продолжение. Инаку, ќе се разигрува и за пласман од 25. до 30. место бидејќи Зеленортските острови откако се откажаа од првенството автоматски завршија на 32. позиција, а Јужна Кореја е едно место погоре.

ПЛАСМАН ОД 9 ДО 24 МЕСТО

9-СЛОВЕНИЈА

10-ПОРТУГАЛИЈА

11-АРГЕНТИНА

12-ГЕРМАНИЈА

13-ПОЛСКА

14-РУСИЈА

15-ХРВАТСКА

16-ШВАЈЦАРИЈА

17-БЕЛОРУСИЈА

18-БРАЗИЛ

19-ЈАПОНИЈА

20-ИСЛАНД

21-БАХРЕИН

22-АЛЖИР

23-МАКЕДОНИЈА

24-УРУГВАЈ