Македа тренира засилено, се подготвува за двобојот со Вардар (ВИДЕО)

Иако сите екипи се на пауза поради прекинот во првенствата, сепак, поголемиот дел од ракометарите тренираат во домашни услови.

Доколку ситуацијата дозволи сезонава Вардар ќе ги одмери силите со Пик Сегед во осминафиналето од Лигата на шампионите, но тоа во моментов е неизвесно.

Сепак, ракометарите не препуштаат ништо на случајот. Хорхе Македа секојдневно покажува како работи, а дефинитивно е во одлична форма. Покрај тоа има и одлична помош од неговата девојка Макарена Агилар.