Лани играше за Металург, сега се пресели во Романија

Екс ракометарот на Металург, Абдуала Мане, кој во редовите на тимот од Автокоманда играше само неколку месеци во минатата сезона, во понатамошниот тек од сезона 2022/23 ќе настапува во шампионатот на Романија.

Мане официјално беше промовиран во романскиот суперлигаш Бузау, клуб кој моментално се наоѓа на 8. позиција во најквалитетното романско натпреварување.

Репрезентативецот на Сенегал откако замина од поранешниот шампион на Македонија направи камбек во француски Безансон.

Сенегалецот во својата кариера го носеше дресот и на Дижон. Во романскиот тим заедно ќе игра со екс членот на Еурофарм Пелистер, Серхио Барош.